
Во писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, од Центарот се жалат дека имало “систематски притисок врз Македонците со бугарски идентитет со цел да се креира мислење дека македонските Бугари се малцинство, а не државотворна компонента во, како што велат, „нашата татковина”
„На многу места попишувачите не поставиле прашање за етничка припадност на граѓаните и автоматски ги регистрирале како Македонци. Има случаи кога ако еден член на семејството се изјаснил како Македонец, попишувачот автоматски сите членови ги регистрира како Македонци. Имаше многу жалби на ова, но само симболичен дел од нив се коригирани”, велат од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.
За ова како што додаваат, испратиле и официјален мејл до Државниот завод за статистика.
Во изјавата за МКД.мк, Симовски категорично демантира дека имало каков било притисок врз граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари и вели дека попишувачите имале обука како да се однесуваат, особено за вакви чувствителни прашања.
„Невозможно е ова што го тврдат од Центарот. Попишувачите немаа право да влијаат, а граѓаните имаа право да бараат увид во напишаното. Попишувачот морал да ги попише така како што се изјасниле. Тоа е апсолутна бесмислица”, додава Симовски.
Тој ги отфрла и наводите дека на лицата кои се изјаснувале како Бугари им бил баран доказ, на пример бугарски документи, пасош и слично.
Ж.П.Б.






