„Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква функција во историјата на САД, која одблиску беше инволвирана во случувањата на Балканот во 90-тите, ме прими во нејзиниот дом во Џорџтаун, кој е сведок на нејзиното богато политичко минато. Ме замоли да пренесам благодарност во Скопје за прифаќањето на евакуираните граѓани од Авганистан кои работеа за невладини организации од САД. Нејзиниот дом го напуштив со силни импресии и со чувство на почестеност што разговарав со важна фигура од врвот на светската дипломатија, чии збор сеуште одекнува и тежи“, пишува Шекеринска во својот фејбук профил.
Шекеринска се сретна со Олбрајт: Таа не е само жива легенда, туку и гласен адвокат за демократијата

ТОП ВЕСТИ





