сабота, 2 мај 2026

Шекеринска – Панајотопулос: Северна Македонија и Грција се искрени и посветени сојузници во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Од нашиот договор за билатерална соработка за 2021 може да се заклучи дека се движиме во позитивен правец. Околу 70 предвидени активности се потврда дека Северна Македонија и Грција отворија поглавје на сојузништво во интерес на двете земји, но и на целиот регион“, изјави Шекеринска.

Шекеринска, исто така, посочи дека соработката меѓу двете земји се одвива и во рамки на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), чиј домаќин е нашата земја, а во која учествува и Грција од каде во моментов е и командантот на единицата.

Двајцата министри, како што информира Министерството за одбрана, ја потенцирале соработката во рамки на НАТО мисијата air-policing како сигнал за сојузништво и висока доверба меѓу двете држави.

Панајотопулос, се наведува во соопштението, порачал дека Грција е партнер и сојузник на Северна Македонија во одбраната, и дека ќе продолжи да ја поддржува нашата земја и во ЕУ.

На средбата, меѓу другото, било изразено задоволство од придонесот на Северна Македонија во регионалната стабилност и безбедност преку учеството во мисијата КФОР во Косово, а се разговарало и за наша контрибуција во грчкиот корпус на НАТО силите за брзо распоредување и во Балканската борбена група во рамките на ЕУ, HELBROC, предводена од Грција.

Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како што информираат од МО, се одвива и преку обуки за падобранство на нашите армиски специјални сили во Грција, при што мината недела заврши дваесетдневната обука на која учествуваа и припадници на воздухопловниот ВИНГ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ