Шекеринска, како што соопштија од Министерството за одбрана, имала средба и со првиот човек на Бирото за политички и одбранбени прашања Тимоти Алан Бејтс, на која била реафирмирана американската позиција за стабилен и просперитетен регион и решавање на прашањата кои ги попречуваат мирот и стабилноста.
„Нашата држава како членка на НАТО ја прифаќа одговорноста да придонесува во безбедноста на Балканот и учествува во повеќе регионални иницијативи како и во мисијата КФОР во Косово“, изјавила Шекеринска.
Таа вчера имаше средби и во Пентагон, каде што разговараше со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за безбедносно-одбранбено соработка за тековните проекти за модернизација на Армијата.
Министерката во Вашингтон го посети и Националниот меморијален центар Арлингтон каде што положи цвеќе на Гробот на незнајниот војник.






