петок, 1 мај 2026

СДСМ: Мицкоски најнеуспешниот директор на ЕСМ има единица и по енергетика

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски сака на три месеци до избори да застане се за да може Мицкоски да се оправда пред своето членство за новиот пораз што ќе го доживее.
 
И самиот Мицкоски треба да биде свесен дека одамна зад нас е 2017 година, кога во јануари потпиша договори од јавни набавки од десетици милиони евра со рок на траење од две години.
 
Дополнително, веднаш по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, кога беше кристално јасно дека партијата заминува во опозиција, во функција на генерален директор на тогаш АД ЕЛЕМ, а сега АД ЕСМ, Мицкоски склучи договор за ископ со Марковски компани, после постапка со преговарање или според неговиот вокабулар, постапка во четири очи.
 
Наместо да ја замајува и засмејува јавноста со секојдневни неосновани напади врз АД ЕСМ, Мицкоски најпрвин треба да си признае себеси дека фактот што го раководел некогаш АД ЕЛЕМ не значи и познавање на областите енергетика и економија. И во двете области Мицкоски има единица!
 
Неговите ,,резулати” во работењето го прават најнеуспешниот директор во историјата на компанијата, во чие време цената на струјата се поскапи за 100 проценти.
 
Затоа, пак, се погрижи и по неговото заминување од АД ЕСМ (тогашно АД ЕЛЕМ) и понатаму да остане присутен во енергетскиот сектор, особено во хидропотенцијалите“, истакнуваат од СДСМ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ