„Што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса? Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме. Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија. Каде е стандардот на македонските граѓани во споредба со тие во Британија и во остатокот од Европа? Ова само ќе ги зголеми трошоците и на превозниците и на сите останати сектори и со тоа ќе се отвори инфлаторната спирала која ќе го доуништи македонскиот стандард кој и онака е погоден од целата криза”, рече Пренџов.
Според пратеникот, Владата на Заев е најмрзливата во Европа и, како што нагласи, таа нема план каде и како ќе ги троши парите за т.н. зелени проекти и го постави прашањето дали парите ќе се користат за покривање на буџетски дупки и луксузирања, или пак, можеби за предизборен поткуп.
„Доколку власта остане глува на предупредувањето на експертите и на јавноста, и го донесе на сила ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија ќе го ревидираат уште на првата седница при промената на власта“, порача Љупчо Пренџов.






