сабота, 2 мај 2026

Предвреме стаса серверот, Даштевски убеден дека терминалите за отисоци од прсти навреме ќе профункцонираат

Објавено на

часот

Сподели

„Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа“, рече Даштевски.

Ако серверот покаже дека добро работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција што значи дека процесот оди добро.

„Односно и повеќе од добро затоа што серверот пристигна една недела предвреме и може да се почне со работа, односно со полнење оние што се за обуки, а со следната пратка и со полнење и на другите терминали од зависност од заклучување на Избирачкиот список кој треба ние да го заклучиме на 24-ти септември, потоа ИТ-секторот треба да го обработи и некаде од 28-ми ќе почне полнењето кое ќе трае неколку дена, така што терминалите ќе бидат подготвени за изборите“, вели Даштевски.

ИТ службата на ДИК, според претседателот на Комисијата, работи со фирма од Германија и проверува сѐ што е неопходно за функционирање на серверот и на терминалите.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог“ која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот, а како што најави Даштевски, сукцесивно до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопхдни терминали за изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ