Спикерот Џафери ги повика двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се позитивни на коронавирусот да ги заземат своите „изолациски“ места.
„Се надевам нема да има крицична пријава за биолошки тероризам овојпат.
Веројатно сите сме свесни за потребата од онлајн работа“, рече Џафери.
Потоа беше констатирано дека има 61 пратеник, но Џафери даде 10 минутна пауза бидејќи, како што рече, тој не ја поддржува иницијативата за седница за доверба на Владата и нема да учествува во седницата,
Џафери го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели потоа да ја води седницата.






