сабота, 2 мај 2026

Португалската амбасадорка Пина демантира: Никогаш не би го загрозиле наоѓањето решение меѓу Софија и Скопје (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Португалија никогаш не би го загрозила процесот на наоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“, вели Пина.

Според португалската амбасадорка, Закаријас рекла дека „има политички момент што ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“. 

Бугарските медиуми денеска јавија дека Закаријас, пред завршувањето на португалското претседавање со ЕУ, во разговор со новинари во Лисабон, ја опишала дебатата меѓу двете земји како „тешка“ и кажала дека „ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија“. 

„Таа е поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто што се нарекува патоказ, што ќе им помогне да соработуваат и Бугарија ќе добие гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат“, изјавила Закаријас.

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека службите во Министерството за надворешни работи ќе ја проверат автентичноста на изјавата на Закаријаш, во која вели дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, па ќе реагира соодветно.

На новинарско прашање дали и по ваквата изјава смета дека португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија е сè уште добар, Заев рече дека во него Португалија не зазема страни и дека тој содржи изјави и на двете страни што даваат свои толкувања за спорните прашања.

Бугарската агенција БГНЕС, како потврда на информациите за изјавата на Захаријас, попладнево објави и аудиоснимка од нејзиното обраќање пред новинарите.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=OhMMoPS7sP4 autoplay:0]
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ