петок, 1 мај 2026

Полицаец се онесвести на откривање на спомен обележјето во Берово, му помогна Шахпаска

Објавено на

часот

Сподели

Шахпаска која по професија е лекар заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец кој најверојатно колабирал поради топлото време.

„Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба“, истакна кратко за случката министерката Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика во рамки на присуствот на денешниот настан положи цвеќе пред споменикот на четворицата бранители со што им оддаде почит за нивното дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ