сабота, 2 мај 2026

По „ерменскиот скандал“ во МНР почна процедурата за НАТО сертификати за дипломатите

Објавено на

часот

Сподели

По избувнувањето на скандалот, министерот Бујар Османи најави вонреден ветинг меѓу дипломатите, формирање работна група што треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата за да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана што е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат.

Од МНР велат дека документацијата за пријавување дипломатите треба да ја вратат во Министерството за надворешни работи.

„Инаку, процесот на сертификација според НАТО стандарди ќе придонесе за поголема и подлабока проверка на клучните позиции во рамките на Министерството за надворешни работи, како и на најблиските соработници на министерот. Како што беше најавено, целта е да се зголеми безбедноста и да се подобри довербата во институцијата и севкупно во дипломатијата“, велат од МНР.

Oд 27 август во екстрадициски притвор во затворот во Врање, Србија, сѐ уште е Миле Миленкоски, македонскиот дипломат, кој на враќање од Виена беше приведен од српските власти по потерница распишана од Ерменија.

Притворот на Миленкоски, како што велат дипломати, не е спорен, бидејќи дипломатскиот имунитет му важи само во земјата во којашто е акредитиран, односно во Австрија и, со оглед дека е акредитиран во ОБСЕ, доколку врши дејности за ОБСЕ во друга држава, како што е предвидено и со Конвенцијата за дипломатски односи.

Не е спорно ниту одземањето на дипломатското возило, кое е „заштитено“ само во земјата домаќин на дипломатот.

Што се однесува до симнувањето на имунитетот, тоа е можно доколку министерот за надворешни работи му го прекине мандатот.

Но, во Членот 31 од Конвенцијата за дипломатски односи стои дека „имунитетот на дипломатот во земјата во која е акредитиран не го исклучува од јурисдикцијата на земјата којашто го испратила“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ