четврток, 7 мај 2026

Петмина офицери избрани во „репрезентацијата“ на Македонија во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Потполковник Горан Стојановски, во името на одбраните офицери, рече дека изборот е огромна чест и одговорност.

„Ќе работиме да ја оправдаме довербата и да го претставуваме ликот на офицерот и на старешината на Армијата, а со тоа и на државата. Дополнителен предизвик ќе претставува работата во мултинационалната воена средина, каде ќе работиме со останатите старешини од земјите членки на НАТО. Ќе имаме и можност да ги покажеме нашите квалитети и капацитети, како и да се стекнеме со нови знаења и искуства, изјави потполковникот Стојановски.

Министерката Шекеринска информира дека во тек се конкурси за дополнителни седум НАТО позиции на различни нивоа, а планот е до 2023 година целосно да се пополнат сите 20 места, што и припаѓаат на нашата армија во командната структура во НАТО.

На офицерите им посака успех и нагласи дека нема никакви дилеми дека одлично иако за првпат, ќе ја претставуваат нашата татковина во најмоќната воено-политичка Алијанса. 

„Сојузниците знаат дека во нас добија не само сериозен, туку и одговорен и исполнителен сојузник, кој тоа што ќе го најави и вети, знае и да го исполни, но и го има и капацитетот и знаењето за тие функции“, изјави Шекеринска.

Таа како одговор на новинарско прашање во врска суверенитетот на макаедонското небо од аспект на прелетите на авиони на НАТО рече дека вчерашната мисија на авионите на Алијансата го засилија суверенитетот.

„Дополнително тоа значи дека имаме оперативни процедури и имаме НАТО капацитети кои можат да се активираат во случај ‘на не дај Боже’. НАТО членството ги згомемува и безбедноста, но и суверенитетот на државата. Можевте да видите вчера, список на земји коишто го користат истиот систем и тоа покажува колку НАТО не е екстра трошок. НАТО е практично шансата да имате паметна одбрана, да го финансирате тоа што де факто може да го финансирате, а да искористите НАТО ресурси за капацитети за кои немате пари“, изјави министерката Шекеринска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ