На средбата, реализирана во рамки на официјалната посета на Пендаровски на Загреб, како што пишува поматаму, е изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави и беше нагласен нивниот пријателски карактер, континуираната размена на билатерални посети и средби на високо и највисоко ниво, како и конструктивната соработка во различни сфери од заемен интерес.
„Истовремено беше оценето дека двете држави имаат одлична соработка на регионален и на мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО алијансата, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности“, се вели во соопштеноетоп.
На средбата биле разменети информации за тековниот процес на вакцинација против ковид-19 во кој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодарил за намерата хрватската влада да донира 10.000 дози од вакцината Астразенека за нашата држава.

Претседателот Пендаровски го истакна и интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка и трговската размена со Република Хрватска, за што постојат неискористени можности.






