сабота, 2 мај 2026

Пендаровски и Шекеринска со благодарност до мировниците за храброста и издржливоста

Објавено на

часот

Сподели

„Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на ООН или по конфликтот во 2001 година кога бевме домаќини на три НАТО операции, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но во 2002 и 2003 година тоа стана реалност, од земја корисник станавме земја извозник на безбедноста. Со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Добредојдовте дома“, изјави Пендаровски на свечената церемонија во касарната Илинден. 

„Сега и вие и вашите најблиски можете да воздивнете со големо олеснување бидејќи ни се вративте дома живи и здрави. Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права што ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност“, рече Пендаровски.

Шефот на држвата се осврна и на тежината на носењето политички одлуки за учество во мировни мисии.

На свеченоста се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а присуствуваа и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД Кејт Брнз и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.

Нашата мисија по речиси две децении активно учество на припадниците на Армијата заврши. Како вие ротација по ротација покажувавте дека сте вредни да ги штитите колегите или претпоставените од САД, Турција, Германија, Норвешка и од сите други земји учеснички во „Одлучна поддршка” или „ИСАФ”, така и ние од почетокот во 2002 година покажавме дека сме верни на вредностите, приниципите и одлуките на Алијансата. Нашата посветеност, како и посветеноста на Алијансата на Авганистан не престанува, ќе продолжиме да даваме поддршка, заедно со сојузниците на авганистанските безбедносни сили, рече меѓу другото Шекеринска.

Додаде дека кога ги воделе последните „битки” да станеме членка на НАТО, не постоел состанок или средба со претставник на НАТО или на членка на Алијансата, а да не биде споменат нивниот придонес.

Таа уште еднаш им се заблагодари на припадниците на Армијата учесници во овие мисии, за храброста, за издржливоста и за сето нивно залагање, знаење и мотивација, за способноста што покажале и потврдиле дека тие се војниците на Армијата на РСМ на кои НАТО може да се потпре. Шекеринска се заблагодари и на оние кои служеа во главниот град, во командата, на сите оние кои служеа во командата и единицата за обезбедување на главната команда во Кабул, на штабните офицери во командата Север, како и на медицинските лица како дел од норвешката Роуд болница.

Министерката Шекеринска изрази убеденост дека сите научени вештини и научени лекции ќе ги пренесат дома и така ќе помогнат да се развиваме како НАТО армија и вистинска НАТО членка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ