Со декларацијата претседателите на парламентите, меѓу кои и претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, го повикуваат Советот на Европската Унија да ги исполни своите ветувања и итно да преземе решителни активности за забрзување на процесот на проширување и нагласуваат дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ.
„Потсетуваме дека проширувањето останува повеќе од било кога геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа. Ја нагласуваме важноста од вклучување на претставници на парламентите, граѓанското општество и граѓаните на Шестката од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа. Се обврзуваме да се вклучиме и заедно да работиме во насока на унапредување на законодавството и градење на капацитетите на релевантните комисии за следење на заштитата на животната средина“, се вели во декларацијата,
Претседателите на парламентите се обврзаа да работат во законодавните домови на усогласување на законодавството со ублажувањето и прилагодувањето за климатски промени во согласност со Парискиот договор и Европскиот зелен договор; еднакво да се посветат на зголемувањето на еластичноста на регионот на Западен Балкан во однос на климатските промени со намалување на штетните практики, спречување на загадувањето и деградација на реките и морињата и спроведувањето на строгите политики за заштита на биодиверзитетот.

„Изразуваме благодарност за делата на солидарност и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзините последици и јапоздравуваме досега невидената финансиска поддршка од Европската Унија во корист на Западен Балкан, што ги потврдува напорите на ЕУ да придонесе за одржлив развој и долгорочно социо-економско закрепнување на регионот“, нагласуваат претседателите на парламентите.
Меѓу другото, со декларацијата преземена е обврската да се работи активно на натамошно помирување во регионот преку дијалог, културна размена, јакнење на демократските институции, развој на парламентарната демократија, за борба против лажните вести.
Особено значење се дава на поттикнување на функционална пазарна економија и заеднички регионален пазар како камен – темелник на социо-економската отпорност и Европската интеграција на целиот Западен Балкан.






