сабота, 2 мај 2026

Палмер со порака: ЕУ мора да си ги исполни ветувањата, САД се разочарани што нема преговори со Скопје и Тирана

Објавено на

часот

Сподели

Според Палмер, тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион.

„Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба“, истакна Палмер.

Палмер ја нагласи важноста на историскиот Договор од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, за коишто рече дека се примери за поголем регионален ангажман на Македонија во корист на нејзините граѓаните.

„Владата на Северна Македонија е фокусирана на спроведување на потребните политички и економски реформи дома, за привлекување квалитетни инвестиции и за активна и продуктивна улога на регионалните и економски иницијативи. Владата го искористи своето силно партнерство со Грција за да обезбеди сопствена енергетска безбедност и сега сме на прагот да направиме многу повеќе отколку досега“, рече Палмер.

Тој се осврна и на улогата на САД во регионот, истакнувајќи дека долгогодишната визија на САД во регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир со себе и со соседите, регион којшто е стабилен, проспетитетен и интегриран во евроатлатнската рамка.

„Она што ми дава надеж е дека ова не е само визијата на САД за Западен Балкан, туку и речиси да не се разликува со она што го сакаат и нашите европски сојузници и партнери. Сепак, уште поважно е што ова е исто така визија што е силно изразена и од самите земји на Западен Балкан. Оваа заедничка визија е наша колективна сила и треба да послужи како наш водич додека ги удвојуваме напорите за приближување на Западен Балкан кон ЕУ“, рече Палмер.

Тој додаде дека не смее да се заборави или да се ризикува оваа цел и да не се успее во заедничкиот напор да се комплетира цела Европа, како дел од силното трансатлантско семејство.

Палмер додаде дека лидерите во регионот мора да ја преземат цврстата способност за нивната европска иднина и оти САД веруваат дека напорите за регионот кон воспоставување на заеднички регионален пазар се нормални чекори на патот кон членството во ЕУ, додавајќи дека регионалната соработка и економска интеграција се од витално значење меѓу државите.

Осврнувајќи се на економските реформи, тој изјави дека регионот мора да го реформира енергетскиот сектор, што ќе донесе не само економски придобивки туку ќе ја зајакне и регионалната економска безбедност, со оглед на тоа дека  регионот губи значителен број висококвалификувани работници.

„Покрај економијата граѓаните од регионот се најмногу загрижени за корупцијата. Спротивставувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демократијата. Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја, и го нарушуваат владеењето на правото и независното судство, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, како и правичниот пристап до услугите. Според тоа, реформите не треба да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по ковид. Исто така мора да бидат во насока на зајакнување на демократските институции за да ги направат понезависни и потранспарентни“, порача Палмер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ