петок, 1 мај 2026

Отворен Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, Данела Арсова ќе биде почесен конзул

Објавено на

часот

Сподели

Како што кажа Османи, конзулатот кој ќе го покрива целиот источен регион на земјава ќе овозможи голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните извозно ориентирани бизниси да ги искористат можностите на големиот унгарски пазар. За Арсовска, пак, додаде тој, оваа функција ќе биде уште еден предизвик преку кој ќе создаде услови за фелата од каде доаѓа, за бизнисите во земјава, за искористување на исклучително блиските односи кои ги негуваме со нашите пријатели од Унгарија.

„Уверен сум дека ние како политичари, нешто за кое со колегата Сијарто секогаш сме согласни, е дека мора да обезбедиме повеќе простор за развој на бизнисот, за прилив на нови странски инвестиции, за повеќе пазари за постојните бизниси, повеќе работни места, поголеми примања и сѐ она што преставува зголемување на економската активност и пред сѐ унапредување на економскиот стандард во најширока смисла на зборот”, истакна Османи.

На билатералната средба меѓу Османи и Сијарто, која следеше по официјалното отворање на Почесниот конзулат, тие го поздравиле интензивниот политички дијалог и меѓусебна соработка, како и одличните билатерални односи и подготвеноста, покрај на политичката димензија, на нашите односи да биде додадена вредност и со многу други форми и активности на соработка, за што двете страни вложуваат напори.

На средбата се разговарало и за најновите состојби во процесот на европската интеграција на Македонија, беа разменети и други прашања од интерес за нашиот регион, регионалната соработка и безбедноста на нашите граници, како и ангажманите во rегионот на планот на придвижувањето кон Европската унија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ