„Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин“, рече Османи, додавајќи дека да беа функционери на партијата можеби ќе изнел свој став.
Како што информира вчера МВР, во вторникот во 23:54 часот „М.Б. (45) во СВР Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28)”.
Портпаролот на РКЕ, Марина Узунов вчера изјави дека нападот е пријавен во МВР и дека Бислимоски „е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентот”.
Од МВР вчера соопштија дека инцидентот е расчистен и против напаѓачот е поднесена кривична пријава за насилство.






