сабота, 2 мај 2026

Османи со амбасадорите во ЕУ: Да се искористи Словенечкото претседателство со Унијата

Објавено на

часот

Сподели

„Следниот период, идните дипломатски делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западниот Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“, изјавил Османи, нагласувајќи дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

Како што соопшти МНР, на состанокот бил направен и пресек на сите дипломатски активности преземени за време на португалското претседателство, а Османи изразил задоволство од високото ниво на посветеност и интензивна активност на дипломатската мрежа. Исто така, се разговарало и за преземените обврски со нашето зачленување во НАТО и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ