сабота, 2 мај 2026

Орце Камчев префрлен на Клиниката за кардиологија

Објавено на

часот

Сподели

Според нашите информации, Камчев пред неколку часа се пожалил на болки во градите при што итно е префрлен на клиниката.

Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ги потврди информациите на „Фокус“ дека Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.

 „Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања“, потврди во изјава за „Фокус“, Андонов.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ