сабота, 2 мај 2026

Опозицијата ја напушти седницата, оставките на Филипче и Хасани не се на дневен ред на Собранието

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот Џафери дека и покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

„Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом нема да учествуваме во циркусот што премиерот Заев решил да го прави во овој период“, рече Мицевски, според кого оставките штом пристигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со пратениците. Според него, дел од опозиционерите по излегувањето од салата ќе му се јават на Филипче за да му се извинат.

„Тоа што сакавте да го направите не ви помина, да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ваши ситни политички поени. Колку да сакавте да одглумите, се покажа дека не сакате да ги сочекате резултатите на органите на истрагата“, рече Митревски, според кого опозицијата и не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

Митревски оцени дека опозицијата не се однесува фер кон интересот на граѓаните и државата.

„Денеска има точки на дневен ред кои се во интерес на граѓаните, како законот за облигациски односи, со кој побаравме каматите да не бидат поголеми од јавниот долг. Вие денеска ја напуштате седницата, токму кога на дневен ред има таква точка“, рече Митревски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласи дека пратениците од опозицијата решиле како што се изрази,  од совест да не учествуваат во работа за која се платени.

„Оставете ја совеста. Нема јас да ја оценувам таа совест туку граѓаните на 17  октомври. Освен тоа, по фејсбук статуси повикуваат на мојата совест па затоа овде ќе кажам, покажете ја сликата на совеста. Денеска двајца пратеници од мнозинството се спречени да дојдат на работа од здравствени причини едниот е  во изолација поради член во семејството, а другиот со таква сериозна дијагноза на болест за што не знаме каков ќе биде крајниот резултат. Но тие одлучиле поради совест да не бидат на работа денеска. А јас пак сум должен и за денешниот ден да им потпишам налог за нивна исплата“, рече Џафери и ја прекина седницата, презакажувајќи ја за утре во 12 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ