Од Државниот завод за статистика (ДЗС) ги повикуваат сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавиле на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и, како што велат оттаму, да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.
„Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент. Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“, соопштија од ДЗС.
Инаку, конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.






