Овој систем, како што посочува вицепремиерот, се имплементира како дел од владиниот план за борба против корупцијата со поддршка на УСАИД и има за цел да ги охрабри граѓаните да се борат против оваа појава со активно пријавување, нудејќи можност за заштита и целосна анонимност.
Николовски додава дека станува збор за брз, ефикасен, модерен и анонимен начин каде граѓаните ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници или како анонимни лица.
„Денес имав можност да ја проследам презентацијата на корисничкото, но и на заднинското, системско процесирање на пријавите во рамки на новиот систем. Од она што го видов, со сигурност можам да најавам дека навлегуваме нова ера на јавните добра и услуги“, пишува Николовски на Фејсбук.






