Николоски додаде дека доктор Џафери е вистинското решение за Маврово Ростуше, затоа што ги знае луѓето, соработува со нив, комуницира со нив, и ги знае нивните маки и проблеми.
„На дневна основа е со нив, и најдобро ќе се грижи за жителите на Маврово Ростуше. Тоа всушност мојата основна намера зошто сум денес токму овде во Леуново, а тоа е приоритет и предност за да добијат жителите на населените места околу Мавровското езеро, како и на целата општина. Апсолутно треба да се развива Мавровското езеро и да се грижиме сите за него, но приоритет во развојот на туризмот мора да има жителите кои што постојано живеат тука на Мавровското езеро”, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека недозволиво е Леуново да има проблем со вода за пиење и недозволиво е да имаат проблем со пречистителната станица. Тоа се проблеми кои што мора да се решаваат. И кои што новиот градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава.
[video:https://youtu.be/h6PqSY6Nz8U autoplay:0]





