Зибери вели дека веќе поднеле барање до МВР и во рок од 8 дена министерството ќе треба да одговори на прашањата на народниот правобранител во врска со застојот со издавањето на личните документи.
Од МВР досега неколку пати извастија дека за некои документи има недостиг на обрасци, дека имаат проблеми со јавните набавки и дека во тек е надградба на системот на Министерството за внатрешни работи.
Граѓаните со месеци се жалат дека не можат да закажат термин за вадење на лични карти и пасоши, а не може да извадат ниту регистарски таблички.






