петок, 1 мај 2026

„Најдоброто за мојата општина“, коалициски договор на 20 партии со СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите“, истакна Заев.

Според него, коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда во првиот и вториот изборен круг.

Ввредносниот граѓански концепт на „едно општество за сите”, значи продолжување на успешната коалициска соработка со партнерите ДУИ, БЕСА и ДПА на локалните избори, рече Заев, преку изградени критериуми за заемна поддршка на кандидатите со најдобра програма и најголема доверба кај граѓаните.

Заев подвлече и дека денешното потпишување на Договорот има симболика.

„На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност“, подвлече Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ