вторник, 5 мај 2026

На сајтот на бугарското МВР не фигурира валиден документ со бројот на бугарски документи на Арсовска, што денес го објави Петровска

Објавено на

часот

Сподели

Бугарскиот портал пишува дека во Скопје веќе два дена се зборува за скандал со бугарски призвук. „Објавена е копија од лична карта на која е напишано името Даниела – со разлика од една буква. Според оваа копија од личната карта, овој документ е издаден во мај 2017 година со адреса во Петрич и датум на важење до 2027. Нашиот репортер направи проверка на интернет страницата на МВР за бугарските документи. Бројот на личната карта кој е објавен во Скопје (6469489279) на лице до датум на раѓање на 20.12.1979 не фигурира на списокот на валидни лични бугарски документи“, пишува 24часа.бг.

Денеска пратеничката на СДСМ Славјанка Петревска објави дека Данела Арсовска има и бугарска лична карта. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет, изјави денеска Петровска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ