среда, 29 април 2026

Муцунски го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Пармелан

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Објавено на

часот

Сподели

„Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова“, напиша министерот Муцунски на фејсбук.

Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.

По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Ги Пармелан ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ