среда, 29 април 2026

Компани: Ако треба ќе умреме на теренот во Минхен за да го победиме ПСЖ

Винсент Компани верува во спектакуларен реванш против ПСЖ по кој Баерн Минхен ќе излезе како победник и ќе се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Компани поради суспензијата од трибините на „Паркот напринцовите“ го гледаше натпреварот.

„Тоа не беше позиција од која сакав да го гледам мечот. Му реков на Луис Енрике дека не разбирам како тој сака да ги гледа мечевите од трибина. Ова беше меч за луѓето кои го сакаат фудбалот“, рече Компани.

Тој не се сложува со одлуката за пенал против нив.

„Пеналот против нас беше многу дискутабилен. Топката прво го удри телото, а потоа неговата рака“.

Тој ветува дека во мечот пред жешкото гледалиште на „Алијанц Арената“ ќе изгинат за да победат.

„Ќе дадеме апсолутно се, навистина се, ако треба и ќе умреме на теренот. Веруваме во победа“.

„Атмосферата на стадионот ќе биде луда. Ако некој купил билет и не се чувствува добро на денот на мечот, нека остане дома и нека го даде билетот на најфит човекот кој го знае, потребна ни е поддшка на тврдината. Мора да го добиеме натпреварот и ни требаат 75.000 луѓе на стадионот кои ќе го играат натпреварот со нас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ