По поразот свој коментар за средбата и одиграното даде тренерот Иван Чупиќ.
„Игравме добро дефанзивно и бевме многу дисциплинирани во првото полувреме. Се обидовме да ја запреме нивната транзициска игра. Потоа, игравме „седум на шест“ за да ги промениме работите, бидејќи имавме ограничен состав. Бев разочаран од почетокот на второто полувреме, бидејќи направивме многу грешки, а последната четвртина беше многу, многу тешка. Генерално, крајниот резултат ми изгледа логичен“, смета Хрватот.
Вардарци имаа огромни кадровски проблеми, бидејќи пред мечот се повредија Јака Малус и Дмитро Хориха, а за време на средбата отпадна и Жоао Педро.
Реваншот во Скопје се игра следниот вторник.






