ПСЖ и Баерн Минхен го одиграа еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата на шампионите.
„Ова беше најдобриот меч на кој сум бил како тренер. Нема сомнеж во тоа. Честитки за сите“, рече Луис Енрике по натпреварот.
„Никогаш не сум видел вакво темпо. Никогаш не сум видел толку интензитет и физичко ниво. Заслуживме да победиме, заслуживме да одиграме нерешено и заслуживме да загубиме. Тоа беше фантастичен натпревар“.
„Во Минхен ќе одиме со јасна идеја, да напаѓаме и да победиме. Го прашав стручниот штаб колку голови треба да постигнеме на Алијанц Арената за да одиме во финале, чувството е дека ќе ни требаат најмалку три“.






