По натпреварот коментар за одиграното даде француското крило Жуниор Тузолана кој доби црвен картон и не можеше да му помогне на тимот до крајот на средбата.
„Многу сме разочарани. Не дојдовме само за да го одиграме овој натпревар. Го почитувавме планот на тренерот. Во првото полувреме беше добро. Во второто, не влеговме добро, мојот глупаво добиен црвен картон беше важен, ја стави екипата во тешка ситуација и немавме многу ротации. Најважно е да продолжиме да веруваме и да дадеме подобра слика за нас во текот на сите шеесет минути на реваншот. Продолжуваме да учиме и да напредуваме и ќе се бориме следната недела“, смета вардаровото крило.
Пред вардарци е краток период за враќање во ритам пред реваншот кој се игра следниот вторник во Скопје.






