сабота, 2 мај 2026

МНР со осуда за спотови во Бугарија со територијални претензии, очекува реакција од властите во Софија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме“, соопшти МНР.

Од МНР додаваат дека очекуваат официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија.

Инаку, Бугарија која сѐ уште ја блокира земјава во ЕУ, бара гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=djeBODUdEgA&t=6s autoplay:0]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ