сабота, 2 мај 2026

Мицкоски: Застанете под бајракот на победата, има место за сите

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски се осврна на ароганцијата на актуелната власт оја за себе вели дека е најдобра, алудирајќи на слоганот „Најдоброто за вашата општина“ на СДСМ.

„Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а не мрднаа од 2 проценти. Ветуваа просечни плати, странски инвестиции, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа. Ветуваа 600 км автопати низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО што започна да ги гради. Волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не“, рече Мицкоски.

На овие избори, рече Мицкоски, народот треба да одлучи дали Македонија ќе стане нормално убаво место за живеење.

„Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е земјата од криминал, декаденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е оваа земја од политичари кои нѐ влечат надоле и се грижат за своите паричници. Уморни сме од статистики како да сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црната хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од живот на вересија и рати. Доста е“, порача тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ