Оваа информација ја објави српскиот медиум „Mozzart Sport“. Левиот бек повторно се враќа во Скопје, каде веќе настапуваше за Вардар, а во меѓувреме имаше кратка авантура и во ГРК Охрид. Во Алкалоид ќе работи под водство на Кирил Лазаров.
Борозан во моментов се опоравува од повреда и нема да биде во комбинација за реваншот од полуфиналето во Европскиот куп, каде Охрид ќе се обиде да ја надомести негативата.
Во својата кариера, покрај Вардар со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите, настапуваше и за Веспрем, како и за повеќе европски и блискоисточни клубови. Алкалоид ќе биде негов четврти македонски предизвик.






