Вчера околу 17 часот во СВР – Штип е пријавено дека на крстосницата од улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С., на 64-годишна возраст од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди – неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во штипската Клиничка болница. По извршени проверки, констатирано било дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта.
Како што се додава во соопштението, по наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР – Штип






