сабота, 2 мај 2026

Зеленски предупредува на необични активности на белоруската граница (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во петокот биле забележани „необични активности“  долж украинската граница со Белорусија.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Во петокот имаше доста необични активности по должината на украинско-белоруската граница, од белоруска страна. Внимателно ја следиме ситуацијата, држиме сè под контрола и ќе реагираме доколку е потребно“, рече Зеленски на социјалните мрежи, без да наведе други детали.

Тој, исто така, објави дека Украина подготвува неколку нови пакет санкции што ќе се применат веднаш и во блиска иднина.

Зеленски нагласи дека се во тек преговори со партнери во Европа, Блискиот Исток и Заливот за зајакнување на воздушната одбрана на Украина и поттикнување на економската стабилност. Тој додаде дека очекува „значајни резултати“ од разговорите на високо ниво закажани за мај.

Британската новинска агенција Ројтерс пренесе дека Зеленски веќе неколку недели ја повикува Белорусија да не се вклучува понатаму во војната што ја води Русија.

Белорусија на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година отстапи дел од својата територија на границата на руските сили.

Украинското воено воздухопловство и граничните служби засега не одговориле на барањата за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ