четврток, 30 април 2026

Мицкоски: Заев ме нарече изгубен, а јас сум само вчудоневиден

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски на Фејсбук напиша: „Вчера ме нарече ‘Мицко’, си помислив дека било мал лапсус, денес продолжи дека сум бил ‘изгубен’, а јас сум само вчудоневиден од примитивизмот на поединци, кои навредуваат мислејќи дека така ќе привлечат внимание, а ги има неколкумина. Нема да навредувам и на идентичен начин да одговорам само ќе констатирам дека народот е уморен од криминал, корупција, безидејност, примитивизам, неспособност, барем малку да го зачуваме нивото и достоинството. Жалам што граѓаните мора и вакви политичари да читаат и слушаат“.

Претпладнето Заев, како одговор на новинарско прашање поврзано со обвинувањата од Мицкоски дека во преговорите со Бугарија може да се изгуби идентитетот, одговори:

„Ќе прашам јавно, зарем е можно изгубен идентитет повторно да го изгубиме? Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е веројатно Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош”.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ