петок, 1 мај 2026

Мицкоски во Брисел: Заев ја донесе државата во ќорсокак, потребни ни се европските интеграции за обезбедување на иднината

Објавено на

часот

Сподели

„Во суштина истата таа причина за која што имаше предвремени избори во 2020-та година, сега можеби е уште посилна, бидејќи условот е многу посилен, а тоа е се бара компромис кој што ќе биде на штета на македонскиот народ, на македонската нација, посебност, традиција, јазик, култура, обичај итн, нешто што не беше случај во 2020-та година, бидејќи тогаш блокираше Франција, но блокираше од други причини, а тоа беше методологијата за преговори. Се корегираше методологијата, објективни беа и веќе Франција понатаму не го блокираше процесот“, рече Мицкоски.

Тој истакна дена сега Бугарија блокира затоа што сака буквално да ја начне нашата посебност како народ, нашиот јазик, нашата култура, нашата традиција и обичаи итн, нешто што навистина во 21 век е сѐ, само не е европска вредност.

„Зоран Заев во Брисел ветува дека сѐ ќе потпише, во Македонија вели дека тоа не е точно, но таму кога седи на маса за што постојат и белешки од тие разговори, бидејќи заборава дека е премиер, луѓето си прават белешки, и потоа тие прибелешки излегуваат во јавност. Она што можам да порачам е дека не само што има причина, туку јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што не треба да гледа причина, треба веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори“, нагласи Мицкоски.

Тој изјави дека во Брисле остварил успешна средба и со генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент.

„Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје. Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите“, изјави Мицкоски.

Тој во Брисел оставри средба и со директорката во службата за надворешно политички работи на ЕУ, директорка за Западна Европа, Западен Балкан и Турција Анџелина Ајхорст. „Заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски со Ајхорст  на средбата рековме дека Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и побаравме поддршка за државата. Се согласивме дека местото на Македонија е во ЕУ. Зборувавме за неправдата која што е нанесена на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава и неможноста да ги почнеме долго очекуваните преговори со Европската унија. Бидејќи ние како народ и како држава заслужуваме да бидеме дел од европското семејство. Тоа што навистина го добив од другата страна како повратна информација е дека желбата нејзина лична но, и желбата на политичарите овде во Брисел е навистина да дадат сѐ од себе за да му помогнат на македонскиот народ и на македонската нација но, и на Македонија како држава“, рече Мицкоски во изјава по средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ