сабота, 2 мај 2026

Мицкоски: Ова не се само локални избори, ова се избори за тоа дали Македонија ќе си ја врати земјата

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски додаде дека тој не очекува дека на овие избори СДСМ ќе прикаже револуционерни проекти за локалните избори.

„Може да погледате колку програмите на градоначалниците се реализирани и ќе ви стане јасно дека 90-тина проценти не се воопшто реализирани. Ниту пак градончалниците на СДСМ имаат абер да ги реализираат. За тоа луѓето не очекуваат нешто посебно од СДСМ“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека овие локални избори не само избори, туку се избори за тоа дали Македонија ќе ја биде, ќе потоне во криминал или народот ќе си ја врати земјата.

„А, што ќе направи ВМРО? Ние почнуваме со настани со граѓани, во кои што ќе почнеме би рекол тематски да ги соопштуваме генералните правци и понуда да ја реафирмираме со која што ќе излеземе на следните локални избори, но и чекорот потоа кога ќе имаме кампања за централната власт. Тоа е она кое што ние лично имаме намера да го понудиме пред граѓаните. Очекуваме критики, совети, бидејќи критиката може да биде и позитивна, да видиме дали тоа е доволно од тоа што го очекуваат граѓаните од нас“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека за да успееме во сите области, најпрвин треба да се справиме со криминалот и корупцијата и повторно да ја поставиме на нозе економијата, да имаме здрава економија.

„Во спротивно ние не можеме да јакнеме патриотски дух, ниту да имаме среќни земјоделци, ниту млади во државата. Без силна економија, немаме силна држава. Потоа доаѓа се разбира образование и останатите столбови“, рече Мицкоски.

Во врска со понудата на СДСМ, Мицкоски вели дека од власта повеќе никој ништо не очекува, дури ни самите не очекуваат и сега само со поткуп и заплашување ќе се обидат да извлечат глас повеќе.

„Тие сега се обидуваат со тој полусвет од подземјето како да заплашат повеќе луѓе, како да поткупат, и преку стандардната партиска структура да извлечат некоја илјадарка гласови.  Не очекуваме дека ќе излезат со револуционерни проекти, и дека планираат да реализираат. Погледнете ги програмите на градоначалниците на СДСМ и видете дека ништо не реализирале“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ