среда, 13 мај 2026

Мицкоски: Ќе чекаме да видиме дали Реџепи е жив, ова е циркуска претстава

Објавено на

часот

Сподели

„Ако е потврдено дека Реџепи е држен против своја волја, тоа кај мене предизвикува силно чувство на гадење.  и жалам што народот е сведок на ова, простете што мора да бидам дел од ваков срам што ние политичарите ви го приредивме. Јас немам такви методи како што имаат СДСМ и ДУИ, да држат во заложништво пратеници и луѓе. Немам сознанија каде е Реџепи. СДСМ и ДУИ со нокти гребат само за да останат таму каде што се и не водат сметка за угледот на Собранието. Не ми паѓа на памет да преговарам. Сите кои мислат дека оваа влада е корумпирана и криминална слободно можат да се придружат“, рече Мицкоски.

Jас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.

Според него, ова е Влада што погрешно ги води процесите.

„Ќе почекаме до 12 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се сепак методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со нокти гребат за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е“, потенцира Мицкоски и додава дека предвремени парламентарни избори се решение за излез од кризата.

Треба да се заедничка опција. Чувствувам жалење што нивото толку се спушти, појаснува Мицкоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ