„Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него“, се наведува во соопштението на АХВ.
Синоќа во скопската населба Козле беше заловен волк, кој бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш биле известени сите надлежни институции, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.






