среда, 13 мај 2026

Претставници на граѓански организации и медиуми од Турција на средба со вицепремиерот Стоилковиќ

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на граѓански организации и медиуми од Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите на Турција.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата биле разменети мислења и ставови за унапредување на меѓусебната соработка, со посебен акцент на продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на заеднички активности во областа на културата, медиумите, образованието и други области од заеднички интерес.

Потпретседателот и министер Стоилковиќ ги запознал соговорниците со активностите и приоритетите на Министерството за односи меѓу заедниците, при што била истакната важноста од негувањето на меѓусебното разбирање, почитувањето на различностите и јакнењето на врските меѓу народите како темел за стабилност, соработка и напредок.

Соговорниците изразиле заедничка подготвеност за натамошно интензивирање на соработката и реализација на иницијативи што ќе придонесат за развој на пријателството, културната размена и поврзувањето меѓу институциите и граѓаните на Македонија и Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ