Георгиевски кој даде значаен придонес во дресот на Вардар оваа сезона во која клубот ја освои двојната круна, ќе го носи црвено-црниот дрес и во наредната.
„Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар!
Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.
РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб!“, информираа од Вардар.






