Вчера напладне во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т. од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата полицаецот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Истиот ден во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. од Куманово и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „дачијата“, додека со телесни повреди се здобиле возачот на „сеатот“ и неговиот сопатник Б.М. од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Час и половина подоцна во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – село Баница, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т. од Струмица, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Увид извршила увидна екипа на СВР Струмица.
На 13 мај 2026 година 30 минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Васил Ѓорѓов“ и „Народен фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч. од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А. од Скопје.
Во несреќата тешко бил повреден мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на „дачијата“ и неговиот сопатник И.А. од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. бил лишен од слобода, увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.






