Избраниците на Кирил Лазаров во Прешов ќе се соочат со домашната селекција во натпревар кој може да биде клучен во битката за мундијалска виза. Во националниот тим владее позитивна атмосфера и голем мотив пред гостувањето, а стручниот штаб верува дека Македонија има квалитет да оствари активен резултат пред реваншот во Скопје.
За подобра организација и максимален фокус на репрезентативците, патувањето до Словачка е реализирано со чартер лет. Со експедицијата отпатува и делегација на Ракометната федерација на Македонија, предводена од претседателот Александар Стефанов, која ќе им даде поддршка на ракометарите на важниот натпревар.
Првиот бараж натпревар меѓу Словачка и Македонија се игра утре од 19:00 часот во Прешов, додека реваншот е закажан за в недела во Скопје.






