среда, 13 мај 2026

Сиљановска Давкова: Барањата за промена на Уставот надвор од европскиот правен систем се несоодветни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за Македонското радиот изјави дека Преспанскиот договор бил спротивен на меѓународното и на македонското право, но истакна дека веќе е реалност.  Сепак, таа нагласи дека договорот јасно го потврдува постоењето на македонскиот народ со своја историја, култура и јазик, што ја оправдува употребата на името Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката категорично ги отфрли обвинувањата дека „им држи лекции“ на европските претставници, нагласувајќи дека само укажува на двојните стандарди и на потребата од почитување на Копенхашките критериуми и основните вредности на ЕУ.

„Водена од националниот интерес, ама и од правото и правдата, јас само укажувам на неодржливоста на односот кон нас, односно на двојните стандарди“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа се повика на Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права и практиката на Европскиот суд за човекови права, потсетувајќи дека ЕУ треба да го почитува националниот и културниот идентитет на народите.

Претседателката посочи дека прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано и дека барањата за промена на Уставот надвор од европскиот правен систем се несоодветни.

„Ние ги исполнуваме малцинските права над стандардите на многу земји членки на ЕУ“, додаде таа, спомнувајќи дека Франција и Грција не ги потпишале клучните конвенции за малцинства.

Сиљановска-Давкова ја потврди својата позиција дека Преспанскиот договор бил спротивен на меѓународното и на македонското право, но истакна дека веќе е реалност.

Сепак, таа нагласи дека договорот јасно го потврдува постоењето на македонскиот народ со своја историја, култура и јазик, што ја оправдува употребата на името Македонија.

„Нема логика, ако е pacta sunt servanda (договорот мора да се политува), вие треба да бидете сервус (слуга)… Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право на историја по свое“, рече претседателката.

Таа изрази задоволство што некои европски претставници, како новиот претседател на Европскиот совет Антонио Кошта, кој во Софија, Бугарија зборуваше за потреба од гаранции за земјава, ја препознаваат потребата од гаранции за Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ