среда, 6 мај 2026

Мицкоски: Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски, кого новинари го затекнаа како доаѓа во Собранието, „од нога” рече дека Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам. Потоа, додаде: „Нека му е лесна земјата” (за Бајрам).

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека доаѓа од факултет каде имал предавања и рече дека сѐ уште не ги знае сите детали поврзани со седницата.

Инаку, Реџепи денеска не се појави во Собранието на Македонија, со што бројот на пратеници кои ќе гласаат за паѓање на Владата се намали на недолволни 60 гласови.

Реџепи преку својот Фејсбук профил напиша дека решил да не доаѓа во парламентот зашто на прво место му е интересот на народот и на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ