
„Ние португалскиот предлог го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави. Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот во преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте вие. Во преговарачката рамка е наведен ‘македонскиот јазик‘ без никакви додавки, во предлогот исто така нема доведување во прашање на посебноста на македонскиот јазик. Посебноста на македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет ниту биле, ниту може да бидат предмет на какви било преговори“, изјави Маричиќ.
Вчера премиерот Зоран Заев рече дека државниот врв ќе ја анализира изјавата во видео-форма по што ќе биде одлучено како ќе се реагира понатаму.






