
Македонските граѓани кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Фајзер Бионтек, Модерна, Џонсон; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.
Најновите информации за ковид протоколи може да се следат на веб страницата на МНР.






